Врз основа на Законот за проширена одговорност на производителотза управување со посебни текови на отпад (“Службен весник на Република Северна Македонија” бр. 215/21) и Законот за управување со електрична и електронска опрема и отпадна електрична и електронска опрема (“Службен весник на Република Северна Македонија” бр.176/21), Градоначалникот на Општина Гази Баба објавува
ЈАВЕН ПОВИК
за воспоставување соработка за организирање на одделно собирање на отпад од електрична и електронска опрема
Предмет на овој јавен повик е воспоставување на соработка и склучување на Договор за воспоставување на организиран, интегрален и одржлив систем за собирање на отпад од електрична и електронска опрема на територија на Општина Гази Баба.
Услови за учество:
Заинтересираните оператори – лиценцирани колективни постапувачи со отпадна електрична и електронска опрема во врска со објавениот повик треба да ги исполнуваат следните услови:
– Да поседува валидна Дозвола за постапување со отпадна од електрична и електронска опрема,
– Да е регистриран во Централен регистар за постапување со отпадна електрична и електронска опрема
Потребни документи:
Заинтересираните оператори во врска со објавениот повик потребно е да ги достават слените документи:
– Пријава по јавниот повик со кратко резиме на компанијата,
– Копија од тековна сосотојба ,
– Копија од Дозвола за постапување со отпад од електрична и електронска опрема издадена од Министерството за животна средина и просторно планирање,
– План за начинот на собирање на отпадот и начинот на информација на јавноста и крајните корисници за намената и целите за собирање на електронскиот отпад, правилно постапување со истиот и можностите за бесплатно предавање и одлагање.
Врз основа на склучениот договор Општината ќе ја извести јавноста за адресите/локациите на собирните места кои ќе бидат одредени на подрачјето на општината.
Рок за пријавување :
Пријавата по јавниот повик со комплетната документација ќе можат да се поднесат во архивата на Општина Гази Баба ул.”Архимедова” бр.2 Скопје.
Поднесените пријави ќе бидат разгледани од Комисија формирана од Градоначалникот на Општина Гази Баба.
По спроведување на постапката Градоначалникот ќе склучи договори со правните лица со кои ќе се регулираат меѓусебните права и обврски.
07.11.2022