Врз основа на Програмата за јавни дејности за Општина Гази Баба за 2023 година (“Службен гласник на Општина Гази Баба“ број 14/2022), Правилникот за утврдување на критериумите, условите и постапката за доделување на парична помош за социјално загрозени граѓани погодени од енергетската и финансиската криза од 30 јануари 2023 година и Одлуката на советот на Општина Гази Баба со број 09-400/12 од 30 јануари 2023 година (“Службен гласник на Општина Гази Баба“ број 01/2023), Oпштина Гази Баба објавува
ЈАВЕН ПОВИК
ЗА ДОДЕЛУВАЊЕ ПАРИЧНА ПОМОШ ЗА СОЦИЈАЛНО ЗАГРОЗЕНИ ГРАЃАНИ ПОГОДЕНИ ОД ЕНЕРГЕТСКАТА И ФИНАНСИСКАТА КРИЗА
Паричната помош за социјално загрозени граѓани погодени од енергетската и финансиската криза ќе се исплатува како месечен надомест за месеците јануари и февруари 2023 година.
Во прилог подолу може да го погледнете целиот јавен повик и потребната документација:
Изјава за давање на лични податоци
09.02.2023