Врз основа на член 50 став 1 и член 63 од Законот за локална самоуправа („Службен весник на РМ” број 05/02), а согласно Програмата за локален економски развој („Службен гласник на Општина Гази Баба” број 14/22) и Правилникот за финансиска поддршка на микро и мали претпријатија, занаетчии, саемско а партнерство и семејни земјоделски стопанства во Општина Гази Баба („Службен Гласник на Општина Гази Баба“ бр.04/23) , Градоначалникот на Општина Гази Баба објавува :
ЈАВЕН ПОВИК
за финансиска поддршка на микро и мали претпријатија, занаетчии, саемско партнерство и семејни земјоделски стопанства
Согласно Програмата за локален економски развој („Службен гласник на Општина Гази Баба” број 14/22), предвидени се вкупно 600.000 денари.
Финансирани ќе бидат докажани трошоци настанати од датата на објавување на јавниот повик, за предвидените намени според овој јавен повик.
Средствата од субвенциите не се наменети за финансирање на следниве трошоци:
Микро и мали претпријатија регистрирани како ТП, ДООЕЛ, ДОО, или регистрирани субјекти како ЗАНАЕТЧИИ и СЕМЕЈНО ЗЕМЈОДЕЛСКО СТОПАНСТВО од лица со адреса на живеење на територија на Општина Гази Баба или со регистрирано седиште на фирма на територија на Општина Гази Баба (предност ќе имаат оние со седиште и адреса на живеење на територија на Општина Гази Баба и се од женски род) кои ги исполнуваат следниве услови:
Горенаведената документација се доставува во оригинал или копија. Доколку документацијата се доставува во копија, веродостојноста на секоја страница ја потврдува подносителот на барањето со свој потпис и печат.
Барањето за субвенционирање ќе ги разгледува Комисија формирана од Градоначалникот на Општина Гази Баба, составена од претседател и двајца членови. Изборот на апликациите кои ги исполнуваат условите утврдени во јавниот повик, ќе се прави запазувајќи го принципот “прв дојден, прв услужен”, односно по редослед на поднесување на апликациите, до исцрпување на расположливите средства.
Доколку поднесеното барање е некомплетно, Комисијата писмено ќе се обрати до апликантот и ќе определи рок за дополнување на барањето за финансиска поддршка. Со цел запазување на принципот “прв дојден, прв услужен”, за барањата со некомплетна документација како датум на поднесување на барањето ќе се смета датумот на последното дополнување на барањето, односно датумот кога барањето за финансиска поддршка ќе биде целосно комплетирано.
По добиеното известување за одобрување на средствата, потребно е да доставите фактура за набавката која сте ја направиле. Доказ за платената фактура е достава на банкарски извод за плаќање. Фактурата заедно со банкарскиот извод за плаќање треба да се достави во архива со пропратно писмо, како дополнување на вашето барање. По доставување на фактурата, комисијата ќе донесе решение за исплата на одобрените средства.
По исплата на средствата, комисијата има право да направи увид, со цел да констатира дека направената набавка одговара на наведеното во фактурата која ја има доставено апликантот.
Еден апликант може да користи финансиска поддршка само еднаш по овој Јавен повик.
По исцрпување на расположливите средства Општина Гази Баба ќе објави известување на веб страната www.gazibaba.gov.mk
Јавниот повик е објавен на веб страницата www.gazibaba.gov.mk
Барањата со комплетната документација во затворен плик се доставува до Архивата на Општина Гази Баба со НАЗНАКА – за Јавниот повик за финансиска поддршка на микро и мали претпријатија, занаетчии, саемско партнерство и семејни земјоделски стопанства, на ул Архимедова 2, Скопје,
најдоцна до 31.10.2023 година.
Лице за контакт – Лидија Крстеска на mail: lidija.krsteska@gazibaba.gov.mk
Образец – барање за финансиска подршка
08.03.2023