Врз основа на точка 4 од Програмата на активности на Сектор за заштита на животна средина и природата на подрачјето на Општина Гази Баба за 2023 година со наслов Субвенционирање на граѓаните на општина Гази Баба за купување на електрични тротинети во 2023 година (“Службен гласник на Општина Гази Баба” бр.19/22), Општина Гази Баба објавува:
ЈАВЕН ПОВИК
за субвенционирање на граѓаните на подрачјето на Општина Гази Баба за купување на електрични тротинети во 2023 година
1. Опис на јавниот повик
1.1. Општина Гази Баба, со цел да ги стимулира жителите од својата општина за користење на електричен тротинет, на граѓаните кои ќе купат нов електричен тротинет во Република Македонија во период од денот на објавување на јавниот повик до 30 ноември 2023 година односно до исцрпување на средствата предвидени во Буџетот на Општина Гази Баба, ќе им надомести дел од трошоците направени при купување на електричен тротинетот.
1.2. Средствата што Општина Гази Баба ќе ги субвенционира се во износ од 30% од вредноста на електричниот тротинет, но не повеќе од 7.000,00 денари по лице, со вклучен персонален данок на доход.1.3. Барањата од Јавниот повик ќе бидат разгледувани по редослед според датумот и времето на пристигнувањето.
2. Право на учество на Јавниот повик
Право на учество на Јавниот повик имаат жителите на Општина Гази Баба, кои ќе купат нов електричен тротинет во Република Македонија во период од денот на објавување на јавниот повик до 30 ноември 2023 година односно до исцрпување на средствата предвидени во Буџетот на Општина Гази Баба, и кои немаат искористено субвенција за купување на електричен тротинет.
3. Услови што треба да ги исполни барателот
Барателот треба да ги исполни следниве услови:
• да е жител на Општина Гази Баба,
• да нема искористено субвенција за купување на електричен тротинет,
• новиот електричен тротинет да го купи во Република Македонија во период од денот на објавување на јавниот повик до 30 ноември 2023 година односно до исцрпување на средствата предвидени во Буџетот на Општина Гази Баба
4. Начин на пријавување на Јавниот повик
4.1. За надоместување на дел од трошоците и докажување дека условите за учество на Јавниот повик се исполнети, барателот е должен да ја поднесе следната документација:
• барање за субвенција за купување на еден електричен тротинет со личните податоци (барањето може да се подигне во архивата на Општина Гази Баба или да се обезбеди од интернет страницата на Општината: www.gazibaba.gov.mk)
• доказ дека е извршено купување на нов електричен тротинет, оргинал фискална сметка или фактура со прилог уплатница или фактура со прилог извод од банка за купениот електричен тротинет, при што задолжително е електричен тротинет да е целосно отплатен (плаќањето на рати не се прифаќа).
• фотокопија на важечка лична карта на барателот, како доказ дека е жител на Општина Гази Баба
• фотокопија од трансакциска сметка исклучиво на барателот
4.2.Едно лице може само еднаш да аплицира за добивање на субвенција за купување на еден електричен тротинет.
4.3.Купувачот на тротинетот своето барање за искористување на правото за надоместок на дел од трошоците, заедно со потребната документација, треба да го достави во затворен плик во архивата на Општината на адреса ул.Архимедова бр.2, секој работен ден од 07:30 до 16:30 часот. На пликот треба да е наведено: „Јавен повик за субвенционирање на граѓаните на подрачјето на Општина Гази Баба за купување електрични тротинети во 2023 година”
4.4. Архивата на Општина Гази Баба примените барања ќе ги евидентира со точното време на поднесување (датум, час и минута), заради воспоставување редослед по кој ќе се разгледуваат барањата
5. Начин на спроведување на Јавниот повик
5.1.За спроведување на Јавниот повик Градоначалникот формира Комисија за спроведување на Јавниот повик за субвенционирање на граѓаните на подрачјето на општина Гази Баба за купување електрични тротинети во 2023 година.
5.2.Општина Гази Баба, во зависност од динамиката на пристигнување на барањата, периодично ќе ја известува јавноста за преостанатите средства, се до нивно целосно искористување.
5.3.Исплатата на средствата ќе се врши сукцесивно, според редот на пристигнати барања, се до исполнување на предвидениот буџет за оваа намена.
5.4.Кога ќе бидат исцрпени предвидените финансиски средства, Општина Гази Баба ќе го објави завршувањето на Јавниот повик преку својата веб страна. Финансиските средства ќе се сметаат за исцрпени односно доделени кога на предлог на Комисијата, Градоначалникот ќе донесе решение за исплата на средствата.
6. Начин на остварување на правото на надоместок
6.1.Градоначалникот на Општина Гази Баба на предлог на Комисијата ќе донесе решение за усвојување на барањето на барателите кои ги исполниле условите врз основа на Јавниот повик.
6.2.Градоначалникот на Општина Гази Баба на предлог на Комисијата ќе ги извести за неусвојување на барањето, барателите кои не ги исполниле условите врз основа на Јавниот повик.
21.03.2023