Врз основа на член 50 став (1) точка 4 од Законот за локалната самоуправа (”Службен весник на РМ” бр.5/02) и точка 9 од Програмата за заштита на животната средина и природата на Општина Гази Баба за 2023 година (Службен гласник на Општина Гази Баба бр.14/22), Градоначалникот на Општина Гази Баба објавува:
Еколошки конкурс “Денови на пролетта – Денови на екологија”
за избор на
1.Најеколошка компанија (фирма со успешна примена на еколошки стандарди и особен придонес кон зачувување на животната средина на територија на Општина Гази Баба).
2.Најголем придонес во областа на животната средина (правни и/или физички лица кои со своја активност и залагање сториле најмногу за зачувување и унапредување на животната средина во општина Гази Баба, во смисол на заштита на медиумите и областите на животната средина, намалување на користење на обновливи видови енергија и сл. во предвид ќе се земат активности кои се реализирале на територија на општината Гази Баба).
3.Најубаво уреден двор (двор на објект за инвидуално домување и колективно домување на територија во Општина Гази Баба).
4.Најубав состав на тема екологија (за ученици од основните училишта во Општина Гази Баба).
5.Најубав цртеж на тема екологија (за деца од градинките и ученици од основните училишта во општина Гази Баба).
Пријавите на заинтересираните граѓани, невладини организации, препријатија и други правни и физички лица треба се достават по пошта или во архива на адреса: Општина Гази Баба – Сектор за заштита на животната средина и природата, ул.„Архимедова “ бр.2, со назнака Јавен конкурс – Еколошки конкурс “ Денови на пролетта-Денови на екологијата”, потрбено е да се назначи категоријата за која се пријавува.
За првите две категории, предвидена е по една награда во износ од по 40.000,00 денари.
За третата категорија, најубав двор, предвидени се две награди (инвидуално домување и колективно домување), во износ од по 40.000,00 денари.
За четвртата категорија се предвидени три награди во износ од 11.655,00 денари.
За петтата категорија се предвидени шест награди, три награди за децата од градинките и три награди за ученици во основните училишта во износ од 23.310,00 денари.
Разгледувањето на пристигнатите пријави и одбирањето на кандидатите ќе го врши соодветна комисија, која Градоначалникот на Општина Гази Баба ќе ја формира од претставници на вработените во општинската администрација.
Пријавувањето започнува веднаш и трае до 10 мај 2023 година.
Прогласувањето на добитниците во сите категории ќе се одржи во рамките на одбележување на Светскиот ден за заштита на животната средина, од страна на Градоначалникот на Општина Гази Баба.
21.03.2023