Врз основа на член 50 став (1) точка 4 од Законот за локалната самоуправа (”Службен весник на РМ” бр.5/02) и точка 2 од Програмата за заштита на животната средина и природата на Општина Гази Баба за 2023 година (”Службен гласник на Општина Гази Баба” бр.14/22) Градоначалникот на Општина Гази Баба објавува
ЈАВЕН ПОВИК
за надоместување на дел од трошоците на граѓаните на подрачјето на Општина Гази Баба за набавка на печки на пелети за 2023 година
1. Опис на Јавниот повик
Предмет на јавниот повик е надоместување до 50% од трошоците за набавка на печки на пелети за 2023 година, но не повеќе од 30.000,00 денари со вклучен персонален данок на доход.
Средствата се обезбедени согласно Програмата за заштита на животната средина и природата на Општина Гази Баба за 2023 година (”Службен гласник на Општина Гази Баба” бр.14/22), во Буџетот на Општина Гази Баба за 2023 година.Ќе бидат надоместувани дел од трошоците трошоците за набавка на печки на пелети за 2023 година од денот на објавување на овој јавен повик.
Јавниот повик ќе трае од денот на објавувањето до 30.11.2023 година, односно се до исцрпување на финансиски средства наменети за оваа намена од Буџетот на Општина Гази Баба за 2023 година.
Јавниот повик е објавен на web страната на Гази Баба (www.gazibaba.gov.mk), во два печатени медиуми.
2. Право на учество на Јавниот повик:
Право на учество на Јавниот повик имаат жителите на Општина Гази Баба кои ќе купат печка на пелети за затоплување на своето домаќинство (станбен објект) од денот на објавувањето на Јавниот повик до денот на завршувањето на повикот и ќе поднесат барање за надоместување на дел од трошоците за набавка на печка на пелети.
На Јавниот повик немаат право на учество жителите (домаќинствата) кои имаат станбен објект со приклучок на градско централно греење, без оглед на тоа дали го користат, како и жителите (домаќинствата) кои имаат станбен објект во фаза на градба и не живеат во истиот.
3. Услови што треба да ги исполни барателот:
Барателот треба да ги исполни следните услови:
• да е жител на Општина Гази Баба,
• да нема искористено субвенции за купување на печки на пелти/инвертери од било кој друг извор на РСМ,
• да е корисник на печка на јаглен, дрва, нафта или мазут,
• набавениот уред да биде купен во 2023 година, во период од објавување на јавниот повик и истиот да биде инсталиран на адресата на живеење наведена во личната карта на барателот;
• станбениот објект да не е во фаза на градба и во него барателот да живее;
• да нема приклучок на градско централно греење во станбениот објект каде што ќе биде инсталиран уредот, без оглед на тоа дали го користи или бил корисник, • да има платено данок на имот за станбениот објект во кој ќе биде инсталирана печката на пелети заклучно со 2022 година,
• за барателите кои имаат нов станбен објект и немаат никакво греење и немаат приклучок на централно греење нема да важат условите од член 6 точка 2 подточка 2
Напомена: Барателот мора да ги исполнува сите горенаведени услови за да неговото барање биде одобрено. Во спротивно, неговото барање ќе биде одбиено.
4. Начин на пријавување на Јавниот повик
За надоместување на дел од трошоците и докажување дека условите се исполнети, барателот до Општина Гази Баба треба да достави:
• Пополнето барање, кое може да се подигне од архивата на Општина Гази Баба или да се обезбеди преку интернет страната на Општината (www.gazibaba.gov.mk),
• фотографија од печката/ите на дрва, јаглен, нафта или мазут која/и ја/ги користи;
• нотарски заверена изјава дека нема искористено субвенции за затоплување (печки на пелети/инвертери) на своето домаќинство од било кој извор на РСМ и дека е согласен неговите лични податоци да се користат исклучиво за ова субвенционирање (пример од изјавата подигне од архивата на Општина Гази Баба или да се обезбеди преку интернет страната на општината (www.gazibaba.gov.mk),
• оригинален доказ дека е извршено купување во 2023 година и тоа со фискална сметка или фактура со прилог уплатница или фактура со прилог извод од деловна банка за извршена уплата во целост,
• трансакциска сметка исклучиво лична на барателот (не ополномоштена од трето лице) и
• барање за издавање потврда за подмирени обврски по основ на данок на имот за станбениот објект каде што е инсталирана печката заклучно со 2022 година, (барањето може да се подигне во архивата на Општина Гази Баба или да се обезбеди од интернет страницата на општината (www.gazibaba.gov.mk).
Барателите кои имаат нов станбен објект, а немаат никакво греење и немаат приклучок на градско централно греење не треба да ја достават документацијата од точките 3 и 6. Барателот треба да го достави барањето и документацијата во прилог во затворен плик до „Комисија за спроведување на постапката за субвенционирање на граѓаните на подрачјето на Општина Гази Баба за набавка на печки на пелети за 2023 година“ во архивата на Општина Гази Баба, на адреса ул.Архимедова бр.2, секој работен ден од 08:30 до 16:30 часот.
Архивата на Општина Гази Баба примените барања ќе ги евидентира со точното време на поднесување (датум, час и минута), заради воспоставување редослед по кој ќе се разгледуваат барањата.
5. Начин на спроведување на јавниот повик
5.1. Градоначалникот на Општина Гази Баба формира Комисија за спроведување на Јавниот повик која ќе ја спроведе постапката во две фази:
– во првата фаза ќе ги разгледа пристигнатите барања и документацијата во прилог со цел да утврди дали истите се уредни и комплетни и
– во втората фаза ќе изврши теренски увид кај сите баратели кои имаат доставено уредна и комплетна документација за да утврди дека ги исполниле условите од овој Јавен повик, а особено дека купената печка на пелети е монтирана во живеалиштето според личната карта на барателот, дека нема приклучок на градско централно греење во станбениот објект каде што е инсталирана печката на пелети, дека станбениот објект не е во фаза на градба и во него барателот живее.
Исплатата на одобрените средства ќе се врши сукцесивно, според редот на пристигнати барања по принципот „прв дојден прв услужен“, а по донесување на решенија за одобрување на барањата од страна на градоначалникот на Општина Гази Баба.
6. Начин на остварување на правото на надоместок
За утврдување на исполнувањето на условите согласно точка 3 на јавниот повик, Градоначалникот на општина Гази Баба формира Комисија за спроведување на постапката за субвенционирање на дел од трошоците за купување купување на печки на пелети, за граѓаните на подрачјето на Општина Гази Баба за 2023 година. Градоначалникот на општина Гази Баба на предлог на Комисијата ќе донесе решение за усвојување на барањето на барателите кои ги исполниле условите врз основа на Јавниот повик.
Градоначалникот на општина Гази Баба на предлог на Комисијата ќе ги извести за неусвојување на барањето, барателите кои не ги исполниле условите врз основа на Јавниот повик.