JАВЕН ПОВИК ЗА ОРГАНИЗИРАЊЕ НА
ПОВТОРНА ЈАВНА ПРЕЗЕНТАЦИЈА И ЈАВНА АНКЕТА
Се известуваат граѓаните, сите заинтересирани правни и физички лица од подрачјето опфатено со планот, подрачјата соседни на планскиот опфат, широката јавност, претставници на стручната јавност, претставници од органи на државна управа, претставници на единиците на локална самоуправа, стручни лица од невладини организации и други стручни лица од областа што е релевантна за планирањето и за конкретниот плански опфат, дека Општина Гази Баба организира
ПОВТОРНА ЈАВНА ПРЕЗЕНТАЦИЈА И ЈАВНА АНКЕТА
по Предлог ДУП за градска четврт СИ 12 Блок 02, oпштина Гази Баба – Скопје
Нацрт – Детален урбанистички план за градска четврт СИ 12 Блок 02, Општина Гази Баба – Скопје изработен од ДПТУ Иванов Инженеринг, ДООЕЛ Битола со тех.бр. 0801-05-04/21 од Март 2022 година со површина на опфат од 24,65 ха., е утврден од страна на Советот на Општина Гази Баба со Одлука бр.09-3337/5 од 13.06.2022 год.
Предлог – Детален урбанистички план за градска четврт СИ 12 Блок 02, Општина Гази Баба – Скопје изработен од ДПТУ Иванов Инженеринг, ДООЕЛ Битола со тех.бр. 0801-05-04/21 од Септември 2023 година со површина на опфат од 24,65 ха., претрпе значајни промени во однос на Нацрт ДУП-от и затоа се спроведува повторна јавна презнтација и јавна анкета.
Границите на планскиот опфат се:
Согласно ГУП на Град Скопје од 2012-2022 година, во планскиот опфат на блок 02 планирана е следната наменска зона:
Во рамките на Предлог – Детален урбанистички план за градска четврт СИ 12 Блок 02 се предвидени следните класи на намена:
Е1.6 канализациска инфраструктура: пречистителна станица
Е1.8 инфраструктура за пренос на електрична енергија: трасформаторска станица
Д2.1 линиско сообраќајно зеленило
Д2 заштитно зеленило
Е1.1 сообраќајна патна инфраструктура
Е1.4 хидротехничка инфраструктура (речна регулација – р. Вардар)
ПОВТОРНАТА ЈАВНА ПРЕЗЕНТАЦИЈА на Предлог – Детален урбанистички план за градска четврт СИ 12 Блок 02, Општина Гази Баба – Скопје, ќе се одржи на ден 12.01.2024 год. со почеток во 12 часот во просториите на Општина Гази Баба, барака 8 (голема сала).
ПОВТОРНАТА ЈАВНА АНКЕТА по Предлог – Детален урбанистички план за градска четврт СИ 12 Блок 02, Општина Гази Баба – Скопје, ќе трае 12 работни дена и тоа во период од 10.01.2024 год. до 25.01.2024 год.
Јавната анкета се спроведува и во електронска форма и во хартиена форма. Повторната јавна анкета во електронска форма се спроведува преку информацискиот систем е-урбанизам и преку службената веб страна на Општина Гази Баба (www.gazibaba.gov.mk), а во писмена форма се спроведува со излагање на планот во просториите на Урбаната заедница ″Маџари 1″.
Графички прилог на Предлог Детален урбанистички план за градска четврт СИ 12 Блок 02, Општина Гази Баба – Скопје ќе биде изложен во просториите на Урбаната заедница “Маџари 1″, секој работен ден од 8,00 часот до 16,00 часот, а ќе биде достапен и во просториите на Општина Гази Баба, Сектор за урбанизам и градежно земјиште, Одделение за урбанистичко планирање.
Учесниците во јавната анкета можат своите забелешки и предлози на Предлог планот да ги доставуваат на донесувачот во писмена форма преку анкетни листови до Урбаната заедница “Маџари 1”, преку информациски систем е-урбанизам, како и по електронски пат до веб адресата на Општината, само во определениот рок за времетраење на Јавната анкета.
Сѐ со цел навремено доставување на писмени забелешки, предлози или мислења преку анкетни листови и активно учество на јавната презентација и јавната анкета, Ве покануваме да присуствувате на Јавната презентација.
Доколку во определениот рок не ги доставите анкетни листови, ќе се смета дека немате никави забелешки, предлози и мислења по Предлог ДУП за градска четврт СИ 12 Блок 02, Општина Гази Баба – Скопје.
28-3-424-15 јавен повик-известување
Линк:
https://www.e-urbanizam.mk/komentari-oglasi.nspx?announcementId=2413