Врз основа на членот 15 став 1 точка (1) од Правилникот за условите, начинот и постапката за користење на објектите за спорт во сопственост на Општина Гази Баба (“Службен гласник на Општина Гази Баба“ броевите 16/2018, 15/2019, 1/2022 и 11/2023) (во натамошниот текст: Правилник), Комисијата за користење на објектите за спорт во сопственост на Општина Гази Баба, на 10 јули 2023 година, утврди
ЈАВЕН ПОВИК БРОЈ 1
за користење на објектите за спорт во сопственост
на Општина Гази Баба за периодот 2023/2024 година
(1) ООУ Григор Прличев, населба Железара
Се објавува јавен повик за користење на Спортска сала без трибини во ООУ Григор Прличев, населба Железара.
(2) ООУ Стив Наумов, населба Автокоманда
Се објавува јавен повик за користење на Спортска сала без трибини во ООУ Стив Наумов, населба Автокоманда.
(3) ООУ Наум Наумовски Борче, населба Маџари I
Се објавува јавен повик за користење на:
– Помошна спортска сала со помали димензии во ООУ Наум Наумовски Борче, населба Маџари I, и
– Спортска сала со помали димензии во ООУ Наум Наумовски Борче, населба Маџари I.
(4) ООУ Крум Тошев, населено место Трубарево
Се објавува јавен повик за користење на Спортска сала без трибини во ООУ Крум Тошев, населено место Трубарево.
(5) ООУ Његош, населено место Јурумлери
Се објавува јавен повик за користење на Спортска сала без трибини во ООУ Његош, с. Јурумлери.
(6) ООУ Дане Крапчев, населба Маџари II
Се објавува јавен повик за користење на Спортска сала без трибини во ООУ Дане Крапчев, населба Маџари II.
(7) ООУ Крсте Мисирков, населба Маџари II
(1) Се објавува јавен повик за користење на Спортска сала со трибини во ООУ Крсте Мисирков, населба Маџари II.
(2) Се објавува јавен повик за користење на Спортска сала без трибини во ООУ Крсте Мисирков, населба Маџари II.
(8) ООУ Вера Јоциќ, населба Хиподром I
Се објавува јавен повик за користење на Спортска сала без трибини во ООУ Вера Јоциќ, населба Хиподром I.
(9) ООУ Кирил и Методиј, населба Стајковци
Се објавува јавен повик за користење на Спортска сала без трибини во ООУ Кирил и Методиј, населба Стајковци.
(10) ООУ 25 Мај, населба Ченто
Се објавува јавен повик за користење на Спортска сала без трибини во ООУ 25 Мај, населба Ченто.
(11) Фудбалско игралиште Трубарево
Се објавува јавен повик за користење на Фудбалското игралиште за голем фудбал со природна трева, населба Трубарево.
(12) По барање на заинтересирана страна, договор може да се склучи и за коистење на игралиштата со вештачка трева во:
– ООУ Григор Прличев, населба Железара и
– ООУ Стив Наумов, населба Автокоманда.
(1) Намената на објектите за спорт е фудбал, ракомет, кошарка, одбојка, боречки вештини, пилатес, хип-хоп, стрит денс, модерен балет и други тимски спортови соодветно на објектот за спорт.
(2) Објектите за спорт од глава I на овој Јавен повик се даваат на користење секој понеделник, вторник, среда, четврток и петок од 17.00 часот заклучно со 23.00 часот, а сабота и недела, за време на државни празници и за време на зимскиот распуст од 1 до 20 јануари и летниот распуст од 10 јуни до 31 август од 10.00 часот заклучно со 23.00 часот, соодветно на роковите за зимскиот и летниот распуст огласени од Министерството за образование и наука или во согласност со членот 31 од Правилникот.
(3) Објектите за спорт се даваат на користење во видена состојба. Објектите за спорт може да се видат секој ден.
(4) Јавниот повик трае петнаесет (15) дена од денот на објавувањето на веб-страницата на Општина Гази Баба.
(5) Врз основа на Тарифникот за висината на надоместокот за користење на објектите за спорт во сопственост на Општина Гази Баба (“Службен гласник на Општина Гази Баба“ броевите 1/2022 и 11/2023):
(5.1) надоместокот за објект за спорт од отворен тип во времетраење од еден час изнесува:
(5.1.1) Игралиште за мал фудбал – 400 денари плус ДДВ,
(5.1.2) Игралиште за голем фудбал – 1.200 денари плус ДДВ,
(5.1.3) Тениско игралиште – 400 денари плус ДДВ, и
(5.1.4) Повеќенаменско игралиште – 200 денари плус ДДВ.
(5.2) надоместокот за објект за спорт од затворен тип во времетраење од еден час изнесува:
(5.2.1) Спортска сала со трибина – 1.200 денари плус ДДВ,
(5.2.2) Спортска сала без трибина – 1.000 денари плус ДДВ, и
(5.2.3) Спортска сала со помали деминзии – 800 денари плус ДДВ.
(6) Корисникот кој инвестирал за оплеменување на објектот за спорт, со одобрение на Градоначалникот на Општина Гази Баба може инвестицијата да ја пребива со надоместокот на користење, но не подолго од три години од склучувањето на договорот за користење на објектот за спорт.
Кон барањето за користење на објект за спорт барателот е должен да достави Инвестициона програма с вредност на инвестицијата и временска рамка за нејзина реализација.
Проценката на вредноста на инвестицијата за оплеменување на објектот за спорт ја врши овластен проценител определен од градоначалникот на Општина Гази Баба.
Објектот за спорт во кој корисникот инвестирал за негово оплеменување се дава на користење најмногу до десет години.
(7) Право на учество на јавниов повик имаат сите правни и физички лице под следните услови:
(7.1) Правните лица кои учествуваат на Јавниот повик кон барањето треба да достават:
(7.1.1) назив, седиште и единствен даночен број;
(7.1.2) тековна состојба од Централниот регистар, не постара од шест месеци, како доказ за регистрирана дејност;
(7.1.3) потврда од надлежен суд дека врз правното лице не е отворена стечајна или постапка за ликвидација, не постара од шест месеци, ако е трговско друштво за спорт;
(7.1.4) банка-депонент и банкарска сметка;
(7.1.5) нотарска изјава дека не наплатува членарина, доколку се бара користење на објект за спорт без надомест;
(7.1.6) телефон за контакт и е-маил адреса; и
(7.1.7) за кој објект за спорт, намена, период и термин се поднесува барањето.
(7.2) Физичките лица кои учествуваат на Јавниот повик кон барањето треба да достават:
(7.2.1) име и презиме, адреса и матичен број;
(7.2.2) копија од лична карта или патна исправа, како доказ за идентификација;
(7.2.3) банка-депонент и банкарска сметка;
(7.2.4) нотарска изјава дека не наплатува членарина, доколку се бара користење на објект за спорт без надомест;
(7.2.5) телефон за контакт и е-маил адреса; и
(7.2.6) за кој објект за спорт, намена, период и термин се поднесува барањето.
(8) Барањата со потребната документација за учество на Јавниот повик се доставуваат во архивата на Општина Гази Баба секој работен ден од 08-16 часот со назнака: “За јавниот повик за користење на објект за спорт“ и се наведува името на општинското основно училиште и спортскиот објект.
Барањето и документацијата се доставуваат во затворен плик со ознака “не отварај” и “за Јавен Повик за користење на објект за спорт” и бројот на Јавниот повик.
Пликот не смее да содржи никаква ознака која би можела да го идентификува барателот.
Барањето се доставува во еден оригинален примерок, што треба да биде потпишан и заверен од одговорното лице на правното лице, односно од физичкото лице.
При поднесување на барањето задолжително се евидентира поднесувањето на барањето со ден, час и минута.
(9) По поднесените барања од страна на барателите, Комисијата донесува Одлука за користење на објектите за спорт во согласност со Јавниот повик.
Комисијата ги отвара и разгледува пристигнатите барања без присуство на пријавените баратели.
Ненавремено доставените барања, Комисијата нема да ги разгледува и за тоа ги известува барателите.
За некомплетните и ненавремено доставени барања, Комисијата нема да ги разгледува и за тоа ги известува барателите.
За некомплетно доставени барања, Комисијата го задржува правото да побара дополнување на недоставената документација од страна на подносителот на барањето.
Доколку два или повеќе баратели бараат користење на ист термин, терминот ќе се даде на барателот според следниот редослед:
– во изборот на терминот имаат предност клубови, здруженија или индивидуални спортисти регистрирани: место на живеење во Општина Гази Баба од повисок ранг,
– предност во изборот на термини има клуб, здружение или спортист од повисок ранг, а меѓу оние од ист ранг оној клуб, здружение или спортист кои повеќе години се регистрирани на територијата на Општина Гази Баба со исто непроменето име и адреса во тековната состојба или живеалиште, и без прекин во натпреварувањата во соодветната лига.
На клуб, здружение или спортист со адреса надвор од Општина Гази Баба може да му биде доделен термин од преостанатите слободни термини по завршувањето на изборот на термини од страна на клубовите, федерациите и спортисти регистрирани/место на живеење во Општина Гази Баба.
(10) Комисијата, пристигнатите барања ги разгледува во рок од пет дена по завршувањето на Јавниот повик.
Барателот чие барање е избрано ќе биде известен во рок од пет дена по завршување на постапката за избор на корисници.
Комисијата ги известува барателите за Одлуката за користење на објектите за спорт.
(11) Против одлуката на Комисијата, незадоволниот барател може да поднесе писмен приговор во рок од пет дена по приемот на известувањето.
Приговорот се поднесува до Комисијата, а по истиот одлучува Градоначалникот на Општина Гази Баба, во рок од пет дена од приемот на писмениот приговор.
Одлуката на Градоначалникот на Општина Гази Баба е конечна.
(12) По конечноста на Одлуката за користење на објектите за спорт Општина Гази Баба и избраните корисници склучуваат Договор за користење.
Со Договорот за користење се уредуваат односите помеѓу Општина Гази Баба и Корисникот, како и други прашања што се карактеристични за објектот за спорт, за намената и начинот на користењето на истиот.
Договорот за користење во име на Општина Гази Баба го склучува Градоначалникот на Општина Гази Баба.
(13) Доколку во рок од пет дена по добиеното известување за избран корисник, барателот кој е избран не се јави да склучи Договор за користење, ќе се смета дека се откажал од користењето на објектот за спорт.
Во случајот од ставот (1) на оваа точка и кога избраниот барател писмено се откажува од користењето на објектот за спорт, објектот за спорт ќе биде доделен на следниот кој прв поднел барање на Јавниот повик за истиот објект за спорт и термин.
(14) По завршување на објавениот јавен повик, слободните термини за користење на објектите за спорт, за кои не се јавил ниту еден заинтересиран барател, во тек на годината можат да се даваат на користење. Доколку барањето е за период повеќе од една недела се изготвува договор за користење, доколку барањето за користење е помалку од една недела или еднократно се изготвува решение за доделување на термин за користење со заинтересираното правно лице и физичко лице. Термините се издаваат под условите објавени во јавниот повик, за реализација на тренинг и натпревари, како и за рекреативни активности и други настани, за пократок период од една година, во согласност со членот 12 од Правилникот и Тарифникот за висината на надомест за користење на објеките за спорт во сопственост на Општина Гази Баба.
(15) Договорот за користење е со важност најмногу за една година, освен ако Комисијата донесе одлука за избор на корисник во согласност со точката 6 од овој јавен повик.
(16) Трошоците за нотарска заверка на Договорот склулен со барател со инвестициона програма од точката (6) на овој Јавен повик ги сноси Корисникот.
Линковите од документацијата се во прилог, а може да ги превземете подолу:
Јавен повик за користење на објекти 2023-2024
Барање за термин за спортски клуб 2023-2024