
Врз основа на член 50 став (1) точка 4 од Законот за локалната самоуправа (”Службен весник на РМ” бр.5/02 и ”Службен весник на РСМ” бр.202/24), а во врска со глава IV точка 10 од Програмата за заштита на животната средина и природата на Општина Гази Баба за 2026 година (”Службен гласник на Општина Гази Баба” бр.22/25), Градоначалникот на Општина Гази Баба објавува:
ЕКОЛОШКИ КОНКУРС
“Зелена Општина наша – здрава иднина ваша”
за избор на
Пријавите на заинтересираните граѓани, невладини организации, претпријатија и други правни и физички лица треба се достават директно во архивата на Општина Гази Баба или по пошта, на адреса: Општина Гази Баба – Сектор за заштита на животната средина и природата, ул.„Архимедова“ бр.2, со назнака: Еколошки конкурс “Зелена Општина наша – здрава иднина ваша” и со задолжително запишување на редниот број и целосното име на категоријата на награда за која се пријавуваат. За петтата, шестата, седмата, осмата и деветтата категорија на пријави секој учесник во конкурсот треба да ја достави својата апликација во посебен плик за да добие реден број под кој ќе биде запишан во архивската книга на Општина Гази Баба.
За првите две категории, предвидена е по една награда во износ од по 50.000,00 денари.
За третата и четвртата категорија “најубаво уреден двор”, предвидени се две награди (инвидуално домување и колективно домување), во износ од по 45.000,00 денари.
За петтата, шестата, седмата, осмата и деветтата категорија се предвидени по три награди во вкупен износ од 21.110,00 денари по категорија (прва награда 10.000,00 денари, втора награда 6.000,00 денари и трета награда 3.000,00 денари).
Рокот за пријавувањето започнува од денот на објавување на Јавниот повик и трае до 16 мај 2026 година.
Разгледувањето на пристигнатите пријави и одбирањето на кандидатите ќе го врши соодветна Комисија, која Градоначалникот на Општина Гази Баба ќе ја формира од претставници на вработените во општинската администрација.
Прогласувањето на добитниците во сите категории ќе се одржи на 05 Јуни 2026 година, во рамките на одбележувањето на Светскиот ден за заштита на животната средина, од страна на Градоначалникот на Општина Гази Баба.