Врз основа на член 50 став (1) точка 4 од Законот за локалната самоуправа (”Службен весник на РМ” бр.5/02 и ”Службен весник на РСМ” бр.202/24), точка 2 од Програмата за заштита на животната средина и природата на Општина Гази Баба за 2026 година (”Службен гласник на Општина Гази Баба” бр.22/25) и Одлуката за користење на финасиски средства од Буџетот на Општина Гази Баба за надоместување на дел од троѓоците на граѓаните на подрачје на Општина Гази Баба за набавка на пелети (Службен Гласник на Општина Гази Баба бр.1/26), Градоначалникот на Општина Гази Баба објавува
ЈАВЕН ПОВИК
за користење финансиски средства од Буџетот на Општина Гази Баба за надоместување на дел од трошоците на граѓаните на подрачјето на Општина Гази Баба за набавка на пелети за 2026 година
Предмет на јавниот повик е надоместување до 30% од трошоците за набавка на пелети за 2026 година, но не повеќе од 15.000,00 денари со вклучен персонален данок на доход.
Средствата се обезбедени согласно Програмата за заштита на животната средина и природата на Општина Гази Баба за 2026 година (”Службен гласник на Општина Гази Баба” бр.22/25), во Буџетот на Општина Гази Баба за 2026 година.
Ќе бидат надоместувани дел од трошоците за набавка на пелети за 2026 година од денот на објавување на овој јавен повик.
Јавниот повик ќе трае од денот на објавувањето до 30.11.2026 година, односно сѐ до исцрпување на финансиски средства наменети за оваа намена од Буџетот на Општина Гази Баба за 2026 година.
Јавниот повик е објавен на web страната на Гази Баба (www.gazibaba.gov.mk), и во два печатени медиуми.
Право на учество на јавниот повик имаат жителите на Општина Гази Баба кои ќе набават пелети во периодот од денот на објавување на јавниот повик сѐ до исцрпување на финансиските средства наменети за оваа намена од тековниот Буџетот на Општина Гази Баба, но не подоцна од 30 ноември во тековната година, кои ќе ја достават потребната документација и кои ќе ги исполнат условите на оваа Одлука.
На Јавниот повик немаат право на учество жителите (домаќинствата) кои не се корисници и не поседуваат уред на пелети (печка/котел на пелети), жителите (домаќинствата) кои имаат станбен објект во фаза на градба и не живеат во истиот како и жителите кои ги немаат подмирено обврските по основ на данок на имот за станбениот објект во кој се наоѓа уредот на пелети.
Барателот треба да ги исполни следните услови:
Напомена: “Барателот мора да ги исполнува сите горенаведени услови за да неговото барање биде одобрено. Во спротивно, неговото барање ќе биде одбиено“.
За надоместување на дел од трошоците и докажување дека условите се исполнети, барателот до Општина Гази Баба треба да достави:
Барателот треба да го достави барањето и документацијата во прилог во затворен плик до „Комисија за спроведување на постапката за субвенционирање на граѓаните на подрачјето на Општина Гази Баба за набавка на пелети за 2026 година“ во архивата на Општина Гази Баба, на адреса ул.Архимедова бр.2, секој работен ден од 07:30 до 16:30 часот.
Архивата на Општина Гази Баба примените барања ќе ги евидентира со точното време на поднесување (датум, час и минута), заради воспоставување редослед по кој ќе се разгледуваат барањата.
Исплатата на одобрените средства ќе се врши сукцесивно, според редот на пристигнати барања по принципот „прв дојден прв услужен“, а по донесување на решенија за одобрување на барањата од страна на градоначалникот на Општина Гази Баба.
За утврдување на исполнувањето на условите согласно точка 3 на јавниот повик, Градоначалникот на општина Гази Баба формира Комисија за спроведување на постапката за субвенционирање на дел од трошоците за купување на пелети, за граѓаните на подрачјето на Општина Гази Баба за 2026 година.
Градоначалникот на општина Гази Баба на предлог на Комисијата ќе донесе решение за усвојување на барањето на барателите кои ги исполниле условите врз основа на Јавниот повик.
Градоначалникот на општина Гази Баба на предлог на Комисијата ќе ги извести за неусвојување на барањето, барателите кои не ги исполниле условите врз основа на Јавниот повик.