Врз основа на член 50 став (3) од Законот за урбанистичко планирање (‘’Сл.весник на РСМ’’ бр.32/20, 111/23, 171/24, 224/24, 40/25, 101/25, 127/25 и 134/26), Општина Гази Баба доставува:
JАВЕН ПОВИК ЗА ОРГАНИЗИРАЊЕ НА
ЈАВНА ПРЕЗЕНТАЦИЈА И ЈАВНА АНКЕТА
Се известуваат граѓаните, сите заинтересирани правни и физички лица од подрачјето опфатено со планот, подрачјата соседни на планскиот опфат, широката јавност, претставници на стручната јавност, претставници од органи на државна управа, претставници на единиците на локална самоуправа, стручни лица од невладини организации и други стручни лица од областа што е релевантна за планирањето и за конкретниот плански опфат, дека Општина Гази Баба организира
ЈАВНА ПРЕЗЕНТАЦИЈА И ЈАВНА АНКЕТА
по Предлог план Измена и дополна на блок 1 од Урбанистички план за село Трубарево со разработка на блок 8, Општина Гази Баба, Скопје
Предлог планот Измена и дополна на блок 1 од Урбанистички план за село Трубарево со разработка на блок 8, Општина Гази Баба, Скопје е изработен од страна на Друштво за производство, трговија и услуги ИВАНОВ ИНЖИНЕРИНГ ДОО Битола, со тех.бр. 0801-27-08/25 од 07/2026 година, со површина на опфат од 9,74 ха.
Планскиот опфат се движи по следните граници:
Во рамките на планскиот опфат планирани се следните класи на намена:
А1 – Домување во куќи со најмногу 4 станбени единици
Б (Б1, Б2, Б3, Б4, Б5) – Комерцијални и деловни намени
Б2 – Големи единици за трговија (над 200м2 и/или повеќе од П+1 кат)
Б5 – Хотели и хотелски комплекси
Д3 – Спорт и рекреација на зелени површини
Е1 – Сообраќајни, линиски и други инфраструктури
ЈАВНАТА ПРЕЗЕНТАЦИЈА по Предлог планот Измена и дополна на блок 1 од Урбанистички план за село Трубарево со разработка на блок 8, Општина Гази Баба, Скопје, ќе се одржи на ден 31.08.2026 год. со почеток во 10.00 часот во просториите на Општина Гази Баба, барака 8 (голема сала).
ЈАВНАТА АНКЕТА по Предлог планот Измена и дополна на блок 1 од Урбанистички план за село Трубарево со разработка на блок 8, Општина Гази Баба, Скопје, ќе трае 30 дена и тоа во период од 13.08.2026 год. до 14.09.2026 год.
Јавната анкета се спроведува и во електронска форма и во хартиена форма. Јавната анкета во електронска форма се спроведува преку информацискиот систем е-урбанизам и преку службената веб страна на Општина Гази Баба (www.gazibaba.gov.mk) , а во писмена форма се спроведува со излагање на планот во просториите МЗ Трубарево.
Графички прилог на Предлог планот Измена и дополна на блок 1 од Урбанистички план за село Трубарево со разработка на блок 8, Општина Гази Баба, Скопје, ќе биде изложен во просториите на МЗ Трубарево, секој работен ден од 8,00 часот до 16.00 часот, а ќе биде достапен и во просториите на Општина Гази Баба, Сектор за урбанизам и градежно земјиште, Одделение за урбанистичко планирање.
Учесниците во јавната анкета можат своите забелешки и предлози по Предлог планот да ги доставуваат на донесувачот во писмена форма преку анкетни листови во просториите на МЗ Трубарево, преку информациски систем е-урбанизам, како и по електронски пат до веб адресата на Општината, само во определениот рок за времетраење на Јавната анкета.
Се со цел навремено доставување на писмени забелешки, предлози или мислења преку анкетни листови и активно учество на јавната презентација и јавната анкета, Ве покануваме да присуствувате на Јавната презентација.
Доколку во определениот рок не ги доставите анкетни листови, ќе се смета дека немате никави забелешки, предлози и мислења по Предлог планот Измена и дополна на блок 1 од Урбанистички план за село Трубарево со разработка на блок 8, Општина Гази Баба, Скопје.
Линк :
https://www.e-urbanizam.mk/komentari-oglasi.nspx?announcementId=3155